На интернет се појавија нови фотографии од Ријана, сликани откако Крис Браун физички ја нападна.
Фотографиите се направени во болницата веднаш по бруталниот напад и на нив се гледа крвавото лице на Ријана со модрици на челото, очите и образите. Нејзиното десно око е отечено, а устата расцепена на повеќе места.
Само пред неколку дена судот ја ублажи забраната за приближување на Крис Браун до
Крис Браун е бесен што фотографиите се објавени токму сега. „Иронично е како некој го објави ова токму во времето на објавување на мојот албум! Wow! Претпоставувам дека тоа е стратешки шаховски потег. Неверојатно“ – напишал тој на Twitter, а подоцна дополнил: „Ѓаволот е секогаш зафатен!! Но, кога имаш судбина, ништо или никој не може да го сопре она што Бог го испланирал!“. Подоцна постовите биле отстранети.
Поради неговото насилно однесување и физички напад, Крис Браун во 2009г. заработи пет години условна затворска казна, шест месеци општествено корисна работа и парична казна од 2000 долари, а беше принуден и да посетува курс против семејно насилство.