Крис Браун официјално ѝ раскина на својата девојка Каруше Трен, а причината е Ријана.
„Одлучив да бидам сингл за да се фокусирам на мојата кариера. Ја сакам Каруше многу, но не сакам да ја видам повредена поради моето пријателство со Ријана. Претпочитам да сум сингл, затоа што тоа ќе ни дозволи на двајцата да бидеме среќни“ – Крис изјавил преку соопштение за медиумите.
Во изминативе неколку дена Крис и Ријана неколку пати беа видени заедно. Тие присуствуваа на концерт на Џеј-Зи, претходната вечер се забавуваа во ноќен клуб, а Крис беше и виден како излегува од хотелот на Ријана.
Сето тоа ги подгреа гласините дека Крис и Ријана ја обновиле врската.