Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана безмилосна кон Snapchat за реклама со неа и Крис Браун: „Засрамете се!“

Ријана безмилосна кон Snapchat за реклама со неа и Крис Браун: „Засрамете се!“

Ријана остро му возврати на Snapchat за реклама со неа и Крис Браун. Станува збор за рекламата за играта „Would You Rather?“ која ги запраша корисниците на апликацијата дали би ѝ удриле шлаканица на Ријана или би му удриле бокс на Крис Браун.

Ријана

Шокантната реклама испровоцира многу негативни коментари со оглед на фактот што Ријана беше брутално физички нападната од Крис Браун во 2009 година додека беа во врска.

Иако Snapchat се извини што таквата реклама била одобрена, славната пејачка гласно го осуди скандалот, потсетувајќи дека на овој начин се исмева семејното насилство.

„Snapchat јасно ми е дека веќе знаете дека не сте ми омилена апликација! Само се обидувам да разберам која беше поентата на сиот овој хаос! Би сакала да кажам дека се работи за незнаење, но знам дека не сте толку глупави! Трошите пари за да правите забава од нешто што намерно би предизвикало срам кај жртвите на семејно насилство и се шегувате со тоа!!! Ова не е поради моите лични чувства, зашто немам многу такви... но од сите жени, деца и мажи кои биле жртви на семејно насилство во минатото и оние кои сè уште не се осудиле да го споделат тоа... нè разочаравте. Засрамете се!“

Ријана

Ријана

Крис физички ја нападна Ријана во 2009 година, откако парот присуствуваше на забава пред доделувањето на Греми наградите. На настанот, тие се сретнале лице в лице со девојката со која Браун претходно имал сексуална врска.

Ријана започнала да плаче, затоа што се сомневала дека Крис знаел дека девојката ќе биде присутна на забавата и не ѝ кажал. Накратко се потсмириле и пиеле и се шегувале заедно. Но, откако ја напуштиле забавата, Ријана пронашла порака во телефонот на Крис од другата девојка. Во пораката јасно било наведено дека и таа ќе присуствува на забавата. (Во документарец Крис тврди дека не ја дочитал пораката и дека не знаел за нејзиното присуство.)

„Избувна и го фрли телефонот. „Те мразам“. Започна да ме удира... Ме удри уште неколку пати. Се сеќавам дека се обиде да ме клоцне, па тогаш навистина ја удрив, со затворена тупаница, ја удрив. Ѝ ја расцепив устата. Кога видов, бев во шок. Зошто по ѓаволите ја удрив?“ – призна Крис.

„Ме плукна в лице. Ми исплука крв на лице и тоа ме разбесни уште повеќе“ – призна тој.

„Ми ги зеде клучевите и се преправаше како да ги фрли низ прозорецот. Јас излегов до колата и ги барав клучевите и некој викна, па таа започна да вреска од нејзината врата: Помош, тој се обидува да ме убие“ - раскажа Крис.

Фотографиите од повредите го шокираа светот.

Ријана Ријана Ријана

За нечовечкото насилство кое го изврши, Браун беше осуден на 5 години условна казна, 6 месеци општествено корисна работа и една година советување против семејно насилство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20932 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.