Бритни во моментов предизвикува огромен интерес кај медиумите затоа што има само уште еден ден до објавувањето на нејзиниот долгоочекуван спот за „Hold It Against Me“.
Но, голем интерес предизвикаа и вестите дека 29-годишната пејачка купила нов луксузен имот во Лос Анџелес.
За 20 милиони долари Бритни купила земјиште со површина поголема од 12 100 метри квадратни, со 1858 метри квадратни затворен простор.
Огромната куќа има 10 спални соби и 13 бањи, сите со високи тавани, а има и детска соба опремена со најразлични игри за нејзините синови да можат да се забавуваат.
Надвор има огромна градина, тениско игралиште и базен надополнет со мали пештери и водопади.
Куќата се наоѓа во приватна населба во која свои имоти поседувале ѕвезди како Џенифер Лопез, Озборнови и семејството Кардашијан.