Никол Шерцингер и Енрике Иглесијас беа главни музички гости на манифестацијата Isle of MTV во Малта.
Жешкото дуo настапи со песната „Heartbeat“, притоа разменувајќи си нежности на сцената. Околу 50.000 обожаватели на поп-музиката ја пееја заедно со Никол и Енрике нивната заедничка песна од 2010 година.
35-годишната пејачка ја забавуваше публиката и со новиот сингл „Your Love“, како и со старите хитови „Don't Cha“, „Buttons“ и „Jai Ho“.
Шпанскиот срцекршач пак настапи со неколку песни од новиот албум „Sex And Love“, а на огромна радост на женската публика, не ја прескокна незаборавната „Hero“.