Енрике Иглесијас веќе ја освојува музичката сцена со песните од новиот албум „Euphoria“, кој треба да се појави на 5-ти јули.
По успешното претставување на спотовите за „I Like It“ и „Cuando Me Enamoro“, шармантниот пејач нè изненадува со дует со сексапилната пејачка од Pussycat Dolls, Никол Шерцингер.
Енрике и Никол ги здружија своите вокални способности за да ја создадат меланхоличната „Heartbeat“. Одличниот дует сигурно ќе им донесе уште поголем успех и на двајцата, а ние со нетрпение ќе го очекуваме спотот.