Никол Шерцингер го најавува спотот за песната „Boomerang“ на сексапилен начин. 34-годишната атрактивна бринета ги објави промотивните фотографии за новиот сингл.
Силната шминка и решителниот поглед го зацврстуваат нејзиниот имиџ на храбра заводничка.
На фотографиите не може да не се забележи совршената фигура на поранешната главна пејачка на „Pussycat Dolls“. Во основата на режимот на исхрана на Никол стои принципот „да се јаде сè, но умерено“, додека од физичката активност таа го преферира трчањето. „Сакам да трчам многу. Одлично е бидејќи ме одржува ментално фокусирана, а сепак ми дава време да мислам, да доаѓам до идеи. Исто така, трчањето е совршено затоа што можеш да го правиш каде било во светот“ – споделила таа.
Видеозаписот за „Boomerang“ треба да се појави наскоро, а во првата половина на 2013 Никол ќе ги изненади своите фанови и со вториот соло албум.
Најава на „Boomerang“: