Никол Шерцингер не го сокрива својот сексапил и преферира креации кои добро ја истакнуваат нејзината фит фигура.
38-годишната музичка дива во проѕирен фустан како магнет ги привлекуваше погледите на присутните на гала вечер која се одржа по повод доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес.
Креацијата со „сирена“ силуета е дело на Мајкл Костело.







