Никлас Педерсен синоќа се закити со титулата „Mister World“. 23-годишниот претставник на Данска победи на натпреварот кој се одржа во Торбеј, Англија.
„Никогаш не ни помислував дека еден ден ќе бидам крунисан како Мистер на светот. Буквално немам зборови и не можам да си поверувам дека се случи тоа. Сакам да ви се заблагодарам на сите за љубовта и поддршката! Благодарам што верувавте во мене и што ми остваривте мој сон“ – изјавил тој.
Никлас, кој по професија е дрводелец, се опишува себеси како „најсреќниот маж на светот, кој го живее животот до максимум“.