Потрагата по најпосакуваниот маж на светот за 2012 заврши. Во саботата вечерта, Франциско Хавиер Ескобар Пара беше прогласен за „Mister World 2012“.
За посакуваната титула 21-годишниот Колумбиец се бореше со уште 47 конкуренти од целиот свет.
Второто место му припадна на претставникот на Филипини, Ендру Волф, додека третото место остана за кандидатот од Ирска, Лео Делејни.
Натпреварот започна на 9 ноември и до финалето им беше тестирана силата и дисциплината на пријавените кандидати. Сите тие беа исправени пред различни модни и физички предизвици. Свеченото финале се одржа во Кент, Англија.
Македонија немаше свој претставник.