Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Невестинските фустани на славните (прв дел)

ФОТО: Невестинските фустани на славните (прв дел)

Свадбата е голем настан во животот на секоја жена. Славните понекогаш го доживуваат и по неколку пати, но и за нив тоа е специјална прилика во која сакаат да се покажат во најдобро светло.

Погледнете како изгледале Ева Лонгорија, Џенифер Лопез, Викторија Бекам, Кристина Агилера, Меган Фокс и уште неколку други славни дами на свадбениот ден.

Ева Лонгорија

Свадбата на Ева Лонгорија и Тони Паркер

Анхел Санчез го дизајнираше фантастичниот фустан на Лонгорија кој достигна цена од 75.000 долари. На 6 јули 2007 година Ева и Тони склучија граѓански брак, а на 7 јули се венчаа во црква во Париз.

Свадбата на Ева Лонгорија и Тони Паркер

Ева поднесе документи за развод на 17 ноември 2010.

Кејти Холмс

Кејти Холмс изгледаше прекрасно кога на 18 ноември 2006 година му рече „Да“ на Том Круз.

Свадбата на Кејти Холмс и Том Круз

Кејти носеше невестински фустан изработен од Џорџо Армани. „Кејти сакаше едноставен, елегантен фустан“ – изјавил Армани, кој за неа дизајнира и елеганта тоалета со боја на праска за свадбената прослава.

Свадбата на Кејти Холмс и Том Круз

Викторија Бекам

Свадбата на Викторија и Дејвид Бекам

Бекамови стапија во брак на 4 јули 1999 година во Ирска. Викторија носеше венчаница од кралицата на невестинските фустани, Вера Ванг.

Свадбата на Викторија и Дејвид Бекам

Кетрин Зета-Џонс

Свадбата на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас

Кетрин Зета-Џонс стапи во брак со Мајкл Даглас на 18 ноември 2000 година во Њујорк. Невестинскиот фустан беше дело на Кристијан Лакроа.

Свадбата на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас

Кристина Агилера

Свадбата на Кристина Агилера и Џордан Братман

Кристина Агилера се омажи со Џордан Братман на 19 ноември 2005 година во Калифорнија. Познатата пејачка носеше венчаница од Кристијан Лакроа.

Свадбата на Кристина Агилера и Џордан Братман

Агилера поднесе документи за развод на 14 октомври 2010 година.

Гвен Стефани

Свадбата на Гвен Стефани и Гевин Росдејл

Гвен Стефани и Гевин Росдејл се венчаа на 14 септември 2002 година во Лондон. Русокосата музичка ѕвезда носеше венчаница од талентираниот Џон Галијано.

Свадбата на Гвен Стефани и Гевин Росдејл

Меган Фокс

Свадбата на Меган Фокс и Брајан Остин Грин

Меган стана невеста на интимна церемонија на Хаваи на 24 јуни 2010 година. Фокс боса газеше по плажата, облечена во фустан на Армани, додека Брајан Остин Грин ја чекаше за да ја крунисаат нивната љубов, во присуство на неговиот син Касиус.

Свадбата на Меган Фокс и Брајан Остин Грин

Дита Вон Тис

Свадбата на Дита Вон Тис и Мерлин Менсон

Дита отсекогаш имала посебен стил на облекување, па никој не очекуваше на нејзината свадба да носи вообичаено бела венчаница. Таа му кажа „Да“ на Мерлин Менсон на 20 ноември 2005 година, облечена во виолетова креација на Вивиен Вествуд.

Свадбата на Дита Вон Тис и Мерлин Менсон

Џенифер Лопез

Свадбата на Џенифер Лопез и Крис Џад

Џеј Ло по вторпат го изговори судбоносното „Да“ пред Крис Џад на 29 септември 2001 година. Крис Џад е танчер кој беше ангажиран од познатата пејачка за спотот за песната „Love Don't Cost a Thing“.

Нивниот брак заврши во јуни 2002 година.

Хилари Даф

Свадбата на Хилари Даф и Мајк Комри

Хилари, која во моментов го очекува раѓањето на своето прво дете, стапи во брак со Мајк Комри на 14 август 2010 година.

Свадбата на Хилари Даф и Мајк Комри

Харизматичната актерка носеше фустан на Вера Ванг.

Никол Ричи

Свадбата на Никол Ричи и Џоел Меден

Облечена во раскошна венчаница на Маркеза, Никол Ричи се омажи за Џоел Меден на 11 декември 2010 година.

Свадбата на Никол Ричи и Џоел Меден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.