Свадбата е голем настан во животот на секоја жена. Славните понекогаш го доживуваат и по неколкупати, но и за нив тоа е специјална прилика во која сакаат да се покажат во најдобро светло.
Погледнете како изгледале Алиша Кис, Луисана Лопилато, Ким Кардашијан, Селма Хајек, Рис Витерспун и уште неколку други славни дами на свадбениот ден.
Алиша Кис
Бремената Алиша Кис изгледаше како божица кога му кажа „Да“ на својот сакан Свис Биц.
Облечена во невестински фустан од Вера Ванг, харизматичната пејачка блескаше за време на свадбената церемонија на Костарика, одржана на 31 јули 2010 година.
Луисана Лопилато
Симпатичната актерка Луисана Лопилато и познатиот пејач Мајкл Бубле направија две свадби и една мала прослава за склучувањето на граѓанскиот брак. Две од прославите беа во Аргентина (родната земја на Луисана), а третата во Ванкувер, Канада (родната земја на Бубле).
На прославата во Аргентина, Луисана носеше фустан на аргентинскиот дизајнер Силвие Бурстин.
За канадската прослава, 24-годишната актерка избра венчаница од аргентинскиот дизајнер Хорхе Ибанез.
Ванеса Минило
Ник Нашеј и Ванеса Минило стапија во брак на 15 јули минатата година, а моментално го очекуваат своето прво дете. Нивната свадба се одржа на приватниот остров Некер и беа поканети само 35 најблиски гости.
Ник признал дека занемел кога ја здогледал својата невеста во фустан на Моник Лулие. „Буквално ме остави без здив. Тоа е момент за којшто фантазираш и во секој случај не бев разочаран“ – изјавил тој.
Ким Кардашијан
Бракот на Ким заврши со иста врева со каква што и започна. Нејзината свадба со Крис Хамфрис беше еден од најозборуваните настани иако нејзиниот брак траеше само 72 дена.
На големиот ден Ким носеше три фустани, сите од Вера Ванг. Првиот фустан беше тип „Пепелашка“. „Беше Пепелашка. Но, Пепелашка со многу секси тело. Таа има тело од типот на Лиз Тејлор или Софија Лорен и не сакавме да го изгубиме тоа“ – изјави Ванг.
Другите два фустани беа помалку раскошни, но не помалку елегантни. И двата имаа форма на сирена, едниот со раскошна „опашка“, а другиот сатенски и поелегантен. „Сакав да постигнам изглед како од стариот Холивуд“ – изјави тогаш Ким.
Селма Хајек
Селма Хајек и Франсоа Анри Пино на 25 април 2009 година направија голема свадбена прослава во Венеција, на која присуствуваа околу 150 гости. „Тоа беше прекрасна свадба“ – изјавила гостинската Шарлиз Терон.
Селма блескаше во фустан на Баленсијага покрај францускиот бизнисмен.
Кери Андервуд
Кери Андервуд и Мајк Фишер стапија во брак на 10 јули 2010 година. Тие си го кажаа судбоносното „Да“ пред 250 гости.
Пејачката со моќен глас носеше фустан на Моник Лулие и дијамантска тијара од 40 карати, подарок од нејзиниот сакан.
Шанаја Твејн
Шанаја Твејн стапи во брак со Фредерик Тибо на 1 јануари 2011 година на зајдисонце на плажа во Порторико.
Шанаја го купила фустанот од мал бутик во Швајцарија, во близина на нејзиниот дом. „Љубов, мир и среќа ме донесоа во 2011 година“ – напиша таа на својот блог кога ја објави својата свршувачка.
Рис Витерспун и Џим Тот
Рис Витерспун зачекори кон олтарот на 26 март минатата година во фустан на Моник Лулие за да стапи во брак со Џим Тот.
„Таа го одземаше здивот“ – искоментирал еден од гостите.