Како една од најголемите холивудски обожавателки на Ели Сааб, Наоми Вотс избра креација од популарниот либански дизајнер за гостувањето на Филмскиот фестивал во Венеција.
47-годишната актерка носеше фустан од колекцијата висока мода есен/зима 2017.







На црвениот тепих по повод премиерата на филмот „The Bleeder“, Наоми позираше со својот љубовен партнер Лив Шрајбер. Познатите актери ги имаат главните улоги во филмот.


