Како скапо италијанско вино, Моника Белучи станува сè понеодолива со текот на годините. 48-годишната Италијанка уште еднаш го покажа својот префинет сексапил во фотосесија која ја истакна нејзината безвременска убавина.
Славната актерка и дива позираше за февруарското издание на „Vanity Fair“ Шпанија.
Шармот на Моника беше уловен од познатиот фотограф Норман Џин Рој. Фотосесијата била направена во Париз.