Моника Белучи зрачи со сексапил дури и кога нејзиното тело е целосно прекриено. Италијанската дива пленеше со грациозност на премиерата на „Spectre“ во Мексико Сити.
Облечена во креација на Азедин Алаја, 51-годишната актерка позираше пред многуте новинари на црвениот тепих. Блескавите обетки од Шопард на совршен начин го дополнија нејзиниот стајлинг.









На свеченоста по повод новиот филм за Џејмс Бонд присуствуваа и Даниел Крег, Сем Смит, Наоми Харис, Сем Мендез и Леа Сејду.

