Моника Белучи се закити со наградата за животно дело на 64-тото издание на Globo d'Oro Awards.
На 59-годишната актерка наградата ѝ беше врачена на свеченост во Рим, на која ја доби поддршката од својот партнер Тим Бартон.
65-годишниот режисер ѝ подари бакнеж додека заедно позираа пред фоторепортерите.
Како голема обожавателка на црната облека, Белучи повторно избра црн стајлинг.
Белучи и Бартон за првпат беа фотографирани заедно како пар во февруари минатата година. „Она што можам да го кажам е дека пред сè сум многу среќна што го запознав. Тоа беше една од оние средби кои ретко се случуваат во животот. Го познавам човекот, го сакам и тоа е уште една авантура која започнува. Го сакам Тим и имам огромна почит кон него“ - изјави Моника.