Семејството Кардашијан не сака интимни прослави. Секој важен момент од нивните животи заедно со фото-докази завршува во медиумите, а моминската вечер на Ким Кардашијан не е исклучок.
30-годишната реалити ѕвезда заедно со нејзиниот свршеник, семејството и пријателите изминатиов викенд лумпуваше во Лас Вегас. Додека Ким ја прославуваше својата моминска вечер со жените, Крис и гостите од посилниот пол имаа машка ергенска забава.
„Моите сестри прават сè што можат за да ме засрамат“ – им рекла Ким на присутните гостинки, меѓу кои била и нејзината мајка Крис Џенер.
Сепак, Ким не издржа цела вечер без својот свршеник. Доцна вечерта заедно со своите придружнички таа ја посети забавата на Крис, но само за кратко.
Се смета дека свадбата на Ким и Крис ќе се одржи на 20 август, а најверојатно ќе заврши на телевизиските екрани.