Ким Кардашијан се сврши со Крис Хамфрис, со кого е во врска само 6 месеци. Веста за свршувачката ја објави самата Ким во ексклузивно интервју за списанието People.
30-годишната телевизиска ѕвезда раскажала дека Крис ја запросил во нејзиниот дом. На 18 мај, кога таа се вратила дома, 26-годишниот кошаркар ја чекал клекнат на едно колено, а со ливчиња од рози било напишано „WILL YOU MARRY ME?“ (Дали ќе се омажиш за мене?).
„Воопшто не го очекував тоа. Бев во голем шок. Никогаш не претпоставував дека ќе се служи дома и не мислев дека ќе се случи сега“ – изјавила среќната Ким.
Крис ја побарал раката на Ким со
„Крис навистина не сакашe голема прослава, но на шега ѝ кажал на мајка ми деkа би било добро да има мини коњчиња. Подоцна таа ноќ, на забавата, мајка ми донесе две мини коњчиња за нас! Беше многу смешно!“ – раскажала со насмевка идната невеста.