Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Моментот кога Хајди Клум го спаси синот и дадилките од давење

ФОТО: Моментот кога Хајди Клум го спаси синот и дадилките од давење

Хајди Клум уживаше на одмор на Хаваи заедно со своето момче Мартин Кирстен и своите деца, кога 7-годишниот син Хенри и две од дадилките биле повлечени длабоко во водата од силен бран.

Без двоумење Хајди и Мартин, кој воедно е и нејзин телохранител, се фрлиле во водата за да ги извлечат сите на безбедно.

Хајди Клум Хајди Клум Хајди Клум

Подоцна Хајди раскажала дека Хенри бил доволно силен за да се извлече, но дадилките биле во поголема неволја. „Хенри е силен пливач и успеа да исплива назад до копното“ – изјавила таа.

„На фотографиите изгледа многу полошо отколку што беше навистина тој ден. Го направив она што би го направила секоја мајка“ – раскажала таа за People.

Хајди Клум Хајди Клум Хајди Клум Хајди Клум Хајди Клум

По објавувањето на драматичните фотографии, Хајди изјавила дека е разочарана од папараците, кои фотографирале во тие моменти, а не дотрчале да им помогнат. „Семејството беше изненадено што сме биле фотографирани, а никој не дојде да ни помогне. Никогаш не ја потценувајте моќта на океанот“ – рекла 39-годишната манекенка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.