Блејк Лајвли неретко објавува фотографии на кои се споредува себеси со ликови од цртаните филмови и покажува дека при изборот на своите стајлинзи, честопати се инспирира од дизниевите принцези и негативци.
29-годишната актерка изгледаше како снежната кралица Елза од „Frozen“ на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал минатата година. Синиот фустан, кој го истакнуваше нејзиното трудничко стомаче, е дело на модната куќа Версаче.





На манифестацијата во Кан, славната сопруга на Рајан Рејнолдс се појави и во волуменозен фустан од Вивиен Вествуд, во кој потсетуваше на Пепелашка.




Пред неколку дена на ревијата на Мајкл Корс, Лајвли се појави во аутфит инспириран од Круела де Вил. Во описот на своја фотографија на Instagram, таа посочи дека инспирација за стајлингот е главниот негативец од „101 далматинец“.



На галата „Time 100 Gala“ во 2011 година, Блејк блесна во елегантен фустан од Зухаир Мурад, покажувајќи ја црвената коса, која ја обои за својата улога во филмот „Hick“. Тогаш за својот изглед таа изјави: „Го обожавам. Се чувствувам како Ариел“.




„Кога си спореден со Убавицата и со Ѕверот истовремено“ – пишува Лајвли, за фотографија на која го споредува својот моден избор со облеката на главните цртани ликови од „Убавицата и ѕверот“.



За промотивен настан за филмот „Café Society“ минатата година, Блејк избра фустан во стилот на Есмералда од „Ѕвонарот на Богородичната црква“.


Во постови на Instagram, ѕвездата од „Gossip Girl“ се споредува и со негативецот од „The Incredibles“ и со Урсула од „The Little Mermaid“.