Ана Беатриз Барос и Карим Ел Чиати си го разменија судбоносното „ДА“. Бразилскиот модел се омажи за египетскиот бизнисмен на Миконос, во присуство на бројни славни лица.
Убавата невеста носеше венчаница од Валентино додека се заколнуваше на вечна љубов на церемонијата на идиличниот остров.
Меѓу гостите беа многу манекенки како Алесандра Амбросио, Адријана Лима, Изабели Фонтана и Фернанда Мота.
И двете деца на Алесандра, Ања и Ноа, беа сведоци на првите моменти од брачниот живот на младенците.
Славењето продолжи и со втора забава. На егзотичната свеченост, инспирирана од тропски шуми, сите гости беа облечени во бело, освен невестата која блесна во впечатлива креација од Наим Кан.
Атрактивната невеста носеше венчаница од Алесандра Рич кога парот со потпис го означи запливувањето во брачните води.