Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Модата и атмосферата на ревијалната вечер на „Макфест“

ФОТО: Модата и атмосферата на ревијалната вечер на „Макфест“

„Музиката има силно влијание, може да нè смири, да ни ја врати силата и да нè расположи. А Уметничкиот совет за ова 39-то издание избра музика која ќе ви ја исполни душата со радост, топлина и една убава полетна енергија“ – со овие зборови синоќа беше најавена ревијалната вечер на 39-тото издание на „Макфест“.

Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ечеа нови песни со голем потенцијал да станат нови музички хитови. Имено, на финалето на Фестивалот на забавни мелодии, настапија петте најдобри дебитанти од првата вечер заедно со 15 истакнати македонски музичари.

Водителите Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски ја отворија манифестацијата со музички микс од десетина макфестовски хитови од изминатите 38 изданија. Први на сцената беа Калина Александар со „Да не те познавав“, Тамара Волческа со „Кажи ми да знам“, Мирјана Митрева со „Плачев во себе“ и The Solution со „Ти и јас“, а Сања Тодоровиќ ја изведе „Јас сум виновна“.

Александра Трајчевска во црвен стајлинг се претстави со „Навика“. Марија Спасовска во металик модна комбинација ја пееше „Страв“, Димитар Андоновски ја размрда публиката со „Бура“, Тианна Димова изгледаше атрактивно во кратко фустанче со долги ракави додека ја изведуваше „Сто пати“, а потоа следуваше настапот на Славица Ангелова со песната „Сама“.

Следни изведувачи беа Антониа Гиговска со „Жена“, Дарио со „Засекогаш млад“, Ивона Јо со баладата „Себично“ и Теа Трајковска и Таско со „Сатурн“, по што Полина Тасева ја разгори сцената со енергичната изведба на „Сцена“.

Бојан Велевски ги претстави последните пет изведувачи. Павле Камилоски освојуваше со баладата „Дали можам“, Елена Ристеска за првпат настапи на макфестовската сцена со „Ме боли за сè“, Симона Поповска шармираше во бела креација додека ја пееше „Без тебе“, Дани Димитровска привлекуваше внимание во невообичаена креација и ја испеа својата нова песна „Пијана“, а последниот настап беше резервиран за Марија Атанасова и песната „Ти си ми сè“.

Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест

За следното 40-то јубилејно издание, организаторите најавија три фестивалски вечери и враќање на сцената на макфестовски евергрини.

Фото: Ивона Кочов / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20956 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.