Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Модата и атмосферата на првата вечер на „Макфест 2024“

ФОТО: Модата и атмосферата на првата вечер на „Макфест 2024“

Градот под Исарот го завладеа макфестовска еуфорија. Mакедонскиот фестивал на забавни мелодии со 39-тото издание привлече млади и надежни пејачи и истакнати музички имиња кои две вечери ќе ја забавуваат публиката желна за нови хитови.

На црвениот тепих на првата вечер дефилираа дебитантите, водителите Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, а се појави и Јован Јованов кој учествувал на Фестивалот во повеќе улоги, а со групата Магија и песната „Магија“ победи во 1998 година.

Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест

Фестивалот започна со настапот на Вера Јанковиќ, која ги отпеа „Твоите очи сине“, „Сонце за три светови“ и „Свирете ја зајди, зајди“. Поранешната водителка на Фестивалот беше облечена во креација од Елена Лука.

Макфест Макфест Макфест

13 новокомпонирани мелодии одекнаа на сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, а од нив пет беа селектирани за повторна изведба во рамките на втората вечер. Така, вечерва ќе ги видиме Сања Тодоровиќ со „Јас сум виновна“, The Solution со „Ти и јас“, Мирјана Митрева со „Плачев во себе“, Тамара Волческа со „Кажи ми да знам“ и Калина Александар со „Да не те познавав“ заедно со едни од најпознатите лица од македонската сцена.

На самиот финиш, Андријана Јаневска и Ѓоко Таневски ја однесоа публиката на носталгично музичко патување со незаборавни макфестовски хитови.

Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест Макфест

Фото: Тоши Трајчев / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.