Џенифер Лопез буквално сјаеше на вчерашната свечена гала вечер на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата).
43-годишната актерка се појави во долг светликав фустан од Том Форд, кој ги акцентираше нејзините облини. Со минимална шминка Џеј Ло ја истакна на преден план негуваната кожа на лицето.
Гламурозниот изглед славната пејачка и актерка го надополни со блескав накит од Хари Винстон.
На свечениот настан, на Лопез ѝ беше доделена наградата за хуманитарност, за нејзината поддршка на различни хуманитарни активности по трагедијата на 11 септември, како и за соработката со Детската болница во Лос Анџелес и Американскиот Црвен Крст.