21-годишната Алиса Кампанела е прогласена за Мис на САД. Претставничката на Калифорнија ја освои круната на синоќешната манифестација одржана во Лас Вегас.
Убавата бринета ја воодушеви публиката и жирито, ги остави зад себе останатите 50 натпреварувачки и ја доби круната од минатогодишната победничка, Рима Факих.
Ако поради било какви причини Алиса не може да ги извршува задолженијата кои ги носи престижната титула, таа ќе биде заменета од претставничката на Тенеси, Ешли Дурам, којашто беше прогласена за прва придружничка. Натпреварувачките од Алабама и Тексас го добија соодветно третото и четвртото место.
Алиса ќе ги претставува САД на натпреварот за титулата Мис Универзум кој ќе се одржи во септември.