Мис Америка и Мис Хаваи беа фотографирани на плажа на островот Мауи. Двете девојки опуштено се забавувале без гламурозни фризури, шминка или вештачки тен.
Мелори Хејган, која ја освои титулата Мис Америка 2013, позираше во црни бикини покрај претставничката на Хаваи, Скајлер Камака.
23-годишната русокоса од Њујорк победи на 92. издание на натпреварот за убавина. Таа беше крунисана на свечена манифестација која се одржа во Лас Вегас во јануари годинава.
Во изминативе месеци Мелори патуваше низ САД за да зборува пред јавноста на тема превенирање на сексуалната злоупотреба на деца.