Миранда Кер и Еван Спигел беа гости на вечера во Белата куќа, организирана во чест на претседателот на Финска и премиерите на Норвешка, Шведска, Данска и Исланд.
33-годишната Австралијка и 25-годишниот основач на Snapchat во елегантно издание ги привлекуваа објективите на фотографите.
Нежниот фустан со цветови, кој Кер го избра за вечерата, доаѓа од колекцијата есен 2016 на Каролина Ерера.









За свеченоста, Мишел Обама избра креација од Наим Кан.


Поранешниот ангел на Victoria’s Secret и успешниот бизнисмен на почетокот ја чуваа својата врска во тајност, но веќе извесен период тие сè почесто заедно се појавуваат на свечености.
Неодамна, Миранда и Еван беа присуствуваа на настан во Лос Анџелес.

