Миранда Кер му го покажа на светот своето прво дете. 27-годишната манекенка на својот блог сподели интимна фотографија сликана од нејзиниот сопруг Орландо Блум, а на која се гледа како таа го дои малото бебе.
„Нашиот убав мал син“ – напиша Миранда, објавувајќи дека одлучиле да му го дадат името Флин.
„Кога се роди тежеше 4,4 килограми (многу здраво и големо машко бебе). Се породив природно, без никакви лекови против болки. Тоа беше долго, мачно и тешко породување, но Орландо беше со мене цело време да ме поддржува. Немаше да успеам без него“ – раскажува младата мајка.
„Многу сме среќни и уживаме во времето поминато заедно како семејство. Тој е нашиот зрак сонце. Ви благодарам на сите за убавите желби и прекрасните мисли“ – дополни таа.
Миранда и Орландо започнаа врска во 2007г., а стапија во брак во јули минатата година. Еден месец подоцна објавија дека Миранда е бремена во четврти месец.