Миранда Кер откри дека нејзиното прво дете го носи името на нејзиното покојно поранешно момче.
Познатиот модел на Victoria’s Secret го крстила својот прв син Флин Кристофер Бланчард Коупленд Блум по нејзиното момче Кристофер Мидлбрук, кој загинал уште како тинејџер во сообраќајна несреќа.
„Со Крис бевме во врска две години. Откако почина, му напишав писмо во кое реков дека се надевам дека на некаков начин ќе го крстам моето прво дете по него. Му кажав на Орландо и тој рече дека би бил среќен да го направи тоа. Орландо е добар човек“ – изјавила Кер.
28-годишната убавица ја има опишано својата болка од загубата на Кристофер во нејзината книга „Treasure Yourself“. Освен што во книгата признала дека тогаш почувствувала како некој да ѝ го корне срцето од градите, таа напишала: „Смртта на Крис ме научи дека луѓето кои допираат во твојот живот, секогаш се со тебе. Ме научи дека имам избор да бидам благодарна за времето што го поминав со него, наместо да жалам што го изгубив.“
Миранда Кер се породи во јануари оваа година. Флин е првото дете на Кер и познатиот актер Орландо Блум.