Орландо Блум и Миранда Кер станаа родители на машко бебе. Според холивудскиот веб сајт X17, убавата манекенка се породила во четвртокот во болница во Лос Анџелес.
Иако парот сè уште нема соопштено никакви информации, странските медиуми пишуваат дека популарната манекенка на Victoria’s Secret родила момче.
Миранда и Орландо тајно се венчаа во јули минатата година, а во август ја потврдија веста за бременоста.
„За мене, семејството е животот. Одлуката да создадам семејство не беше воопшто сложена“ – изјавила во една прилика 27-годишната Кер.