Мила Јовович и нејзината ќерка Евер Габо красат една од насловните страници на новото издание од списанието Vs.
40-годишната актерка и 8-годишното девојче позираа пред фотоапаратот на Елен фон Унверт за изданието есен/зима на познатото списание за мода и животен стил. Слободно може да се каже дека Евер е копија на својата славна мајка.


Новиот број, кој го носи името „Scenes“, им дава филмски шмек на модните приказни вклучени во него, а брои вкупно четири насловни страници. Покрај Мила и Евер, на кориците се најдоа и актерките Хејли Бенет и Џенифер Конели, како и шведскиот актер Александер Скарсгорд.



