Папараци фотографиите честопати покажуваат дека Мила Кунис и Ештон Кучер уживаат во својата улога на родители. Ѕвездите од серијата „That '70s Show“ беа фотографирани на релаксирана прошетка со својата ќеркичка.
Во лежерни комбинации славните актери чекореа низ улиците во Лос Анџелес заедно со малата Вајат Изабел, која се роди во октомври 2014 година.




















