Мила Кунис и Ештон Кучер од првите редови го следеа вториот натпревар од финалето на НБА лигата. Популарниот брачен пар се забавуваше додека следеше како Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс си ги одмеруваат силите во арената „Oracle“ во Калифорнија.
32-годишната актерка и 38-годишниот актер си разменија бакнеж кога беа „фатени“ на „камерата за бакнежи“.












Пред неколку дена, Кунис и Кучер беа фотографирани на прошетка со својата ќерка Вајат Изабел во Лос Анџелес.


Мила и Ештон се заедно од април 2012 година, а во октомври 2014 година се роди нивното прво дете. Тие стапија во брак на 4 јули 2015 година.