Мила Кунис и Ештон Кучер се холивудски пар кој често заборава на гламурозните забави и настани за да ѝ се посвети на малата ќеркичка. Славните актери беа фотографирани додека се разладуваа со сладолед со малата Вајат Изабел во Лос Анџелес.
На папараци фотографиите, Кунис ѝ дава на слатката Вајат да јаде од својот сладолед. На жолтата блуза на девојчето пишува „Мала татина принцеза“.










Претходно, славниот пар беше фотографиран на пазар во Калифорнија повторно во придружба на Вајат Изабел. На фотографиите, Ештон ја носи во рацете малата ќерка, додека Мила ги следи облечена во сиво кратко фустанче и кожна црна јакна.


