Мила Кунис е актерката којашто долги години е присутна во шоу-бизнисот, но неодамна направи голем бум и застана меѓу најинтересните млади актерки.
28-годишната темнокоса убавица позираше за „Interview Magazine“, а исто така направи и интервју со својот колега Џејмс Франко.
На фотографиите Мила, која сме навикнати да ја гледаме во шармантни и женствени изданија, го покажува својот решителен и бестрашен поглед. А еве што сподели таа со својот пријател Џејмс Франко:
За нееднаквоста на половите во шоу-бизнисот: „Секогаш ќе има двојни стандарди меѓу мажите и жените, па мислам дека актерките повеќе си го заштитуваат својот јавен имиџ, ако можам така да го наречам. Кога некој актер полудува во хотелска соба, расфрла, фрла клупа, крши прозорец, тој се смета за рок ѕвезда. Кога некоја актерка ќе го направи тоа, веднаш ја праќаат на рехабилитација и се смета дека има проблеми и не може да добие работа.“
За изборот на сегашните проекти: „Ова го имам кажано и порано, но откако заврши „That ’70s Show“, сакав само да правам филмови кои ме инспирираат и да работам со луѓе кои придонесуваат да се подобрувам. Сакав само да се опкружам со луѓе кои сметам дека се подобри од мене, независно дали се актери, режисери или продуценти, за да можам да учам од нив.“
Мила Кунис е родена во Украина, но се преселила во САД заедно со своите родители уште во 1991 година. Поради тоа што била срамежлива, родителите ја запишале на часови по глума. Од 9 до 14 години таа снимала реклами, а на 14-годишна возраст започнала да ја снима серијата „That ’70s Show“. Таа го позајмува гласот на ликот Мег во анимираната серија „Family Guy“.
Кунис привлече големо медиумско внимание со улогата во филмскиот хит „Black Swan“.
Пред неколку дена излезе и првиот трејлер за најновиот филм на Мила и Џејмс Франко, „Oz: the Great and Powerful“. Погледнете го волшебното видео: