Меланија Трамп континуирано докажува дека со стил ќе ја носи титулата Прва дама на САД.
46-годишната сопруга на Доналд заблеска во златен фустан на свечена вечера пред неговата инаугурација. Креацијата е дело на либанската дизајнерка Рим Акра.




Доналд денес ќе биде прогласен за 45. претседател на највлијателната држава во светот. Во својот говор, тој се пошегува дека доколку врне дожд на неговата инаугурација, сите би виделе дека неговата коса е навистина природна.
„Може да заврне, а може и да не заврне, не се грижам за тоа. Не е важно. Ако навистина заврне, тоа е во ред, бидејќи луѓето тогаш ќе сфатат дека ова е мојата вистинска коса“ – изјави Трамп, алудирајќи на гласините дека носи перика.







