Мајли Сајрус е речиси непрепознатлива на фотографиите за мартовското издание на модното списание „W“.
На корицата на списанието познатата пејачка позира целосно гола, а стратешки ги покрива своите интимни делови од телото.
Во интервјуто со Ронан Фароу, Мајли признала дека обожава марихуана и дека е задоволна од она што го посигнала во животот досега. „Знаеш, јас си ги заработив парите. Ако никој не го купува мојот албум, кул. Нема проблем. Имам куќа, имам кучиња кои си ги сакам. Не ми треба ништо друго“ – рекла таа.
Мајли многупати била критикувана поради провокативните и контроверзни настапи, но таа вели: „Сите што те мразат се под тебе, затоа што се љубоморни на она што го имаш.“
Кога станува збор за вистински пријатели, 21-годишната ѕвезда вели дека нема многу луѓе на кои може да им верува. „Познавам многу луѓе на кои можам да им се јавам и со кои се дружам, но имам само неколку пријатели, ако тоа ви има смисла“ – рекла таа.