Мартин Филиповски и Андреа Белеска моментално уживаат во Занзибар, Танзанија. Познатиот македонски пар сподели фотографии на Instagram од егзотичниот одмор.
Музичарот од дуото Next Time и 24-годишната ракометарка беа придружувани од неколку свои пријатели.
Парот се запозна со сиромашни дечиња на кои им подари прибор за цртање и шнолички. „Колку малку треба за да бидат среќни. Фломастери и шнолички за коса“ – напиша Андреа во описот.