Мараја Кери и милијардерот Џејмс Пакер се верија. Веста за свршувачката ја потврди извор близок на парот. Исто така, познатиот пар беше фотографиран додека излегуваше од ресторан во Њујорк, а од раката на познатата пејачка блескаше голем дијамантски прстен.
Според E!News, блескавиот прстен е украсен со дијамант од 35 карати.





45-годишната музичка ѕвезда и 48-годишниот австралиски бизнисмен за првпат се појавија заедно во јавност на премиерата на „The Intern“ во Њујорк во септември минатата година.





Мараја по третпат ќе зачекори кон олтарот. Таа претходно беше во брак со Томи Мотола и Ник Кенон, со кого има две деца. Џејмс, исто така, зад себе има оставено два брака.






