Лупита Нионго активно го промовира својот најнов филмски проект. 33-годишната Оскаровка присуствуваше на премиерата на „Queen of Katwe“ во Холивуд, каде се појави во шармантна креација од Ели Сааб.
Фустанот во боја на лаванда доаѓа од колекцијата ресорт 2017 на либанскиот дизајнер. Својот стајлинг, славната актерка го надополни со турбан во иста боја и накит од Graziela Gems.






„Queen of Katwe“ е направен според вистинска приказна за Фиона Мутеси, девојка од Уганда чиј живот брзо се менува откако влегува во шаховската игра и станува шампион.
Лупита позираше и со своите колеги од филмот, Мадина Нелванга и Дејвид Ојелово.



На светската премиера, која се одржа во рамките на Филмскиот фестивал во Торонто, Лупита зачекори со сличен стајлинг. Накитот кој тогаш го носеше е во вредност од над 600.000 долари и е дело на компанијата за луксузен накит Tiffany & Co..



