Иванка Трамп за списанието „Elle Decor“ ги отвори вратите на својот дом, во кој ужива со сопругот Џеред Кушнер и малата ќеркичка Арабела Роуз. Познатата ќерка на Доналд Трамп има стан во Менхетен, којшто е среден до најмал детаљ.
„Кога се преселувавме во овој стан, јас бев бремена и малку полудев поради инстинктот за совршено средување на домот. Два месеца се вртев наоколу и ја запишував секоја гребнатинка на подот и гледав секое бојадисување да е совршено. Молерот исто како да живееше со мене. Потоа, добив бебе и сфатив дека сè што сум направила брзо ќе отиде по ѓаволите“ – изјавила таа.
30-годишната наследничка на империјата Трамп не негира дека се стремела кон постигнување на луксузен и гламурозен изглед. Сепак, во исто време не заборавала на практичноста. „Сакам дом каде што децата ќе можат да живеат среќно и мојот сопруг ќе може да ги стави нозете на масата или да легне на креветот додека гледа ТВ и да не се загрижува за тоа. Ништо не треба да биде толку скапоцено за да не може да биде користено“ – објаснила таа.