Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Луксузната болничка соба каде што се породи Бијонсе

ФОТО: Луксузната болничка соба каде што се породи Бијонсе

Бременоста и породувањето на Бијонсе беа најголемите вести во светот на шоу-бизнисот изминатиов период, проширувајќи се на Интернет со брзина на светлината. Но, и откако Бијонсе ја донесе на свет малата Блу Ајви Картер, заинтересираноста на обожавателите на познатиот музички пар не опадна.

Интернет порталот TMZ успеа да дојде до фотографии од болничкиот апартман во кој се породуваше 30-годишната пејачка. Луксузната породилна соба е опремена со комфорен мебел, 4 телевизори и ѕидови од махагони.

Болничката соба на Бијонсе

Претставник на „Ленокс Хил“ негираше дека болницата го создала удобниот апартман специјално за Бијонсе и истакнал дека познатата пејачка само била доволно среќна за да биде првиот пациент таму.

Болничката соба на Бијонсе

Наспроти првичните информации дека Бијонсе се породила со царски рез, во соопштението за јавноста од славниот пар стои дека Бијонсе се породила по природен пат.

Болничката соба на Бијонсе Болничката соба на Бијонсе

„Нејзиното раѓање беше емоционално и екстремно смирувачко, ние сме во рајот. Таа се роди природно со здрави 3,2 килограми и тоа беше најубавото искуство во нашите животи“ – пишува во соопштението.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19871 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.