Линдзи Лохан непрекинато влегува од една во друга неволја. По краткиот престој зад затворски решетки, проблематичната актерка веќе е на слобода, но и понатаму целото внимание на медиумите е свртено кон неа.
Во најновиот скандал, Линдзи е фотографирана со шприц в рака во којшто наводно има хероин. На друга фотографија се гледа како некој се подготвува да ѝ стави инјекција на Лохан во долниот дел на грбот.
На други фотографии (снимени во 2007г.) Линдзи Лохан и Парис Хилтон се бакнуваат и се гушкаат.
Скандалозните фотографии се појавија само неколку часа откако Линдзи го напушти затворот. Таа плати кауција од
Овој пат Линдзи заврши зад решетки затоа што имаше позитивни резултати на задолжителните тестови за употреба на дрога и со тоа ја прекрши условната казна.