Лили Колинс хипнотизираше на црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во Рим. Младата актерка се појави во занесна креација од колекцијата висока мода „The Promise of Spring“ на неповторливиот Ели Сааб.
Долгиот фустан го заробува погледот со омбре ефектот, но и со луксузните пурпурни нијанси кои асоцираат на мистичност, таинственост и драма.
25-годишната актерка присуствуваше на фестивалот со својот колега Сем Клафлин, по повод премиерата на нивниот филм „Love, Rosie“.
Бројни комплименти заслужено отпатуваа на адреса на Колинс за нејзиниот стајлинг.