Елизабет Харли преку порака на Twitter призна дека се разделува од својот сопруг. Соопштението на Лиз доаѓа откако беше објавена снимка која ја потврдува нејзината љубовна афера со австралискиот крикет играч Шејн Ворн.
На краткото видео се гледа како 45-годишната актерка го бакнува Шејн, а весникот кој ја обелодени нивната афера тврди дека двајцата поминале две вечери во хотелската соба на Ворн во Лондон.
Иако преку пораката на Twitter Лиз не ги потврди вестите за аферата, таа очигледно сакаше да се оправда, па напиша: „Ова не е добар ден. Само колку да се знае, јас и мојот сопруг Арун се разделивме пред неколку месеци. Нашите блиски роднини и пријатели го знаат тоа“.
Англиската актерка се запознала со Шејн во јули и се претпоставува дека оттогаш започнале да одржуваат контакти и да флертуваат еден со друг.
Елизабет Харли е во брак со индискиот бизнисмен Арун Најар од 2007г.