Лејтон Мистер го заборави суптилниот сексапил на Блер Волдорф и направи провокативна фотосесија.
На фотографиите направени за списанието „Flaunt“ привлечната бринета позира со двајца голи мажи и со една девојка. Ѕвездата од „Gossip Girl“ носи перика, која потсетува на нејзината нова боб фризура.
26-годишната актерка ја покажа својата нова брановидна боб фризура на забава по повод ноемвриското издание на списанието „Flaunt“, на чија насловна е Лејтон.