Лејтон Мистер и Адам Броди се посветија на улогата на родители. Славните актери беа фотографирани со шестмесечната ќеркичка на прошетка во Лос Анџелес.
Иако Мистер и Броди се обидуваат да го зачуваат својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, неуморните папараци не им го дозволуваат тоа.
Од фотографиите може да се забележи дека ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ се врати во добра форма по породувањето. Малата Арло Деј Броди се роди на 4 август 2015 година.
29-годишната актерка и 36-годишниот актер се верија во ноември 2013 година, а во февруари 2014 година се венчаа во тајност.