Лејтон Мистер му ја даде целата своја поддршка на Адам Броди на премиерата на неговиот најнов филм „Ready or Not“.
33-годишната актерка, која е позната по улогата на Блер Волдорф во серијата „Gossip Girl“ шармираше во цветна креација.
Лејтон и Адам се еден од ретките славни парови кои го чуваат приватниот живот подалеку од очите на јавноста и екстремно ретко се појавуваат заедно на свечености. Тие стапија во брак во 2014 година и заедно имаат едно дете.