Лејтон Мистер и Адам Броди го прошируваат семејството.
Ѕвездата од „Gossip Girl“ веќе не може да ја крие слатката тајна дека е бремена со второто дете. 33-годишната актерка беше фотографирана во лежерно издание, а големото стомаче укажува дека веројатно е во последниот триместар од бременоста.
Броди, кој е познат по улогата на Сет Коен во „The O.C.“, на фотографиите ја вози во количка 4-годишната ќерка Арло.
Мистер и Броди се верија во ноември 2013 година, а следната година се венчаа во тајност.