Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Леонардо Дикаприо заведува од насловната на GQ

ФОТО: Леонардо Дикаприо заведува од насловната на GQ

Леонардо Дикаприо е лицето од насловната страна на октомвриското издание на машкото списание GQ. Облечен во стилот на големата ѕвезда Џејмс Дин, Леонардо како и секогаш изгледа мажествено и атрактивно.

Леонардо Дикаприо

Само неколку недели пред премиерата на филмот „J. Edgar“, во кој главната улога ја има Леонардо, а режисер е Клинт Иствуд, двајцата актери во интервју за списанието зборуваа за парите и успехот.

Клинт Иствуд и Леонардо ДикаприоКлинт Иствуд и Леонардо Дикаприо

„Во текот на мојата кариера никогаш не знаев кој мој филм носи голема заработка, а кој не. Кога излезе Титаник, луѓето ми велеа: Дали сфаќаш каков успех е ова?, а јас ќе им речев: Да, да, хит е. Парите никогаш не ми беа важни додека не наполнив 30 години и не се заинтересирав за продуцирање, и луѓето започнаа да ми покажуваат графици и табели за да ми објаснуваат за финансиите на филмовите, колку ќе заработам од странство, а колку од домашниот пазар“ – изјавил Дикаприо.

36-годишниот актер призна дека би сакал некогаш да стане и режисер и тоа со истиот пристап што го има Клинт Иствуд.

Леонардо Дикаприо Леонардо Дикаприо
Леонардо ДикаприоЛеонардо Дикаприо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19141 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.